Во текот на вчерашниот ден спроведена е  зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Гевгелија и магистрален пат Градско-Прилеп за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 142 возила.

Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила за движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопшти МВР.