Алтернативната медицина го смета младиот кромид за неверојатно вреден и здрав додаток во храната. Освен што помага при настинки и го намалува високиот крвен притисок, пролетниот кромид има антиинфламаторно својство и делува против габички, стрес и замор.

За следниве здравствени проблеми се препорачуваат зелените перца од младиот кромид…

1. Болки во грлото

Средината на зелениот дел се сече и се сечка на парчиња, се додава малку изрендан ѓумбир и сол – тоа се става во ќесичка или крпа и се загрева. Сѐ тоа се витка во друга крпа и се става на воспаленото место.

2. Отечени нозе

Перцата се загреваат неколку минути. Потоа се мешаат со мешалка (може да се додаде многу малку вода, доколку е потребно), додека смесата не добие кремаст облик и густина. Добиената смеса се нанесува на отечените делови на нозете како крема.

3. Отнување на носот

Зелените перца се гмечат и потоа – парче памук или газа се натопува во самиот сок. Тоа се нанесува околу носот и синусите. Кромидот ја дразни слузницата и така ги отнува дишните патишта.