Воениот полигон Криволак прераснува во сериозен национален и НАТО капацитет, од кој ќе има полза и домашната економија, објави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Полигонот Криволак веќе следниот месец ќе биде непрепознатлив. Инженерците на македонската Армија заедно со своите колеги од Армијата на САД забрзано работат на унапредувањето на патната инфраструктура и изградба на нови содржини на полигонот, како подготовка за вежбата “ Одлучен удар 21”. Се што ќе се изгради останува на Криволак кој прераснува во сериозен национален и НАТО капацитет, од кој ќе има полза и домашната економија, објави Шекеринска на својот официјален профил на Фејсбук.