Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 март.
Денеска е Св. мач. Матрона.
Света Матрона беше по потекло од Солун, од сиромашно семејство. Беше слугинка во домот на еден солунски Евреин. Света Матрона не ја криеше својата вера во Христа и поради тоа многу претрпе од господарката на домот. Поради нејзината вера во Христа, господарката ја затвораше во темна соба и ја измачуваше со глад. А која најпосле господарката ја остави да умре од глад, го зеде телото на света Матрона и го исфрли од својата куќа. Солунските христијани го зедоа телото на маченицата и го погребаа, а кога почнаа да се случуваат чуда на гробот на света Матрона, на тоа место беше подигната црква посветена на нејзиното име.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Марија Клеофина.
Очевидецот свети Иван Евагелист пишува: “Кај Исусовиот крст стоеле неговата мајка и сестрата на неговата мајка, Марија Клеофина и Марија од Магдала. Додека Исус ја предавал својата жртва на крстот за наше спасување присуствувала и Марија Клеофина. По смртта на Исус, таа останала во Калваријата и присуствувала на неговиот закоп. Утрото кога тој воскреснал, со останатите жени дошла на гробот за да го намачка телото на Исус. Празникот Марија Клеофина не повикува нас, христијаните да му помогнеме на Исус и на своите најблиски, а особено на сиромашните, бидејќи Исус вели: “Што и да сте направиле од моите помали браќа, сте го направиле за мене”.