Се чини дека тајната на долговечноста е во здравиот начин на живот, љубовта кој семејството и блиските.

Долги години се трага по тајната на долговечноста. Многу научници ја бараат тајната за долг живот но изгледа конечно најдоа траг.

Имено повеќе студии и анализи покажале дека луѓето кои живеат над 100 години имаат нешто заедничко. Воедно тие тврдат и дека хороскопскиот знак игра важна улога за долговечноста.

Според статистичките податоци на повеќето истражувања на оваа тема, луѓето кои се родени во хороскопскиот знак на Рак живеат убедливо најдолго, по што следат луѓе во знакот на Овен и Девица.

Дека Раковите, Овните и Девиците се најдолговечни, потврди и студијата на Геронтолошката група за истражување , која собираше податоци од 1955 година.

Многупати сме слушнале дека за долговечноста пресуден е здравиот начин на живот, па така според повеќето истражувања, Раковите се оние кои ја имаат титулата долговечни, поради тоа што повеќето од нив водат здрав живот.

Мотивацијата за здрави навики обично лежи во фактот дека тие сакаат да поминат што повеќе време со своите најблиски, особено со своите деца. Патем, луѓето родени во овој знак се исклучително грижливи и посветени на своето семејство.

Во здрав начин на живот секако спаѓа и физичката активност, па оттука и Девиците живеат долго време затоа што тие се посветени на себе, и внимаваат на своето здравје. За повеќето Девици, правилната исхрана и вежбањето се начин на живот и тие често не знаат да живеат поинаку. Луѓето родени во овој хороскопски знак се генерално мирни и ретко се под стрес.

Тајната на долговечноста на Овенот лежи во фактот дека тие имаат силна страст кон животот. Благодарение на внатрешниот оган по кој се познати, не само што живеат долго, туку се и младолики Овните се сметаат за луѓе со силни нерви, што ги прави многу помалку нервозни и полесно ги надминуваат тешкотиите.