Иран денеска отворено го обвини Израел дека стои зад нападот врз неговата постројка за збогатување ураниум во Нантанц, што, како што навести, ги оштетил центрифугитете и најави „благовремена одмазда“.
-Со оваа постапка ционистичкиот режим се обиде да му се одмазди на иранскиот народ за неговата трпеливост и мудрост додека чекаше укинување на санкциите (од САД), изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибадех на прес-конференција во Техеран.
Иранските власти вчера соопштија дека недостасува електрична енергија во нуклеарниот комплекс Нантанц и го нарече акт на „нуклеарен тероризам“. Во изјавата за инцидентот, директорот на иранската организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи, не обвини никого директно.
Ова е првпат Иран официјално да го обвини Израел за нападот. Израел директно не ја презеде одговорноста за тоа, меѓутоа, веднаш се сомневаше дека стои зад него бидејќи речиси сите медиуми во земјата објавија дека голем кибер напад предизвикал прекин на електричната енергија.
Доколку Израел е одговорен тоа дополнително ќе ги интензивира веќе засилените тензии меѓу двете земји од Блискиот исток.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој вчера се состана со американскиот министер за одбрана Лојд Остин, рече дека ќе стори се што е во негова моќ да го запре иранскиот нуклеарен договор, на кој САД планираат да се вратат.
Се уште има малку детали за тоа што се случи вчераутро во иранскиот нуклеарен комплекс. Првично, инцидентот беше опишан како прекин во напојувањето со електричната енергија предизвикана од електричната мрежа што ги снабдува неговите работилници над земјата и подземните простории за збогатување ураниум.
-Одговорот за Натанц е одмазда на Израел. Израел ќе го добие својот одговор преку истиот пат, изјави портпаролот на иранското министерство без да даде повеќе детали, пренесуваат американските медиуми.
Државната телевизија се уште не прикажа снимки од нуклеарниот комплекс по инцидентот.