Бугарскиот Национален оперативен штаб е распуштен, соопшти прес-службата на Советот на министри. Тоа значи дека неделните брифинзи на седиштето се прекинуваат, јавија бугарските медиуми.

Тоа тело беше формирано по наредба на премиерот Бојко Борисов на почетокот на пандемијата во февруари 2020 година.

Националниот оперативен штаб имаше за цел да ги организира и координира активностите на надлежните државни органи во врска со прогласената од СЗО пандемија со Ковид-19.

Дејствувањето на штабот во текот на изминатата година беше остро критикувано од претставници на политички партии, како и од невладини и граѓански организации.

Критиката стана особено остра во последните месеци пред изборите, кога НОШ направи бројни компромиси во одлуките за наметнување и олеснување на мерките, а објективните критериуми за тоа кога треба да се продолжи со специфични ограничувања целосно исчезнаа, нагласуваат во извештаите бугарските медиуми.

Темата на епидемијата и потребата од промена на планот за вакцинација и ударна вакцинација беше во фокусот на дел од говорите на пратеничките групи на првиот ден од 45-то Национално собрание.

Не е јасно дали ќе има промени во работата и составот на сегашниот Национален штаб за вакцинација.

Политичари во парламентот коментираат за затворањето на Националниот оперативен штаб:
– Ако имаме можност да управуваме, ќе има нов штаб со вистински професионалци, изјави  Станислав Балабанов од  „Има таков народ“. Според него, нелогично е абдоминалени хирург да предводи „нешто што е поврзано со вирус“.

– Штабот требаше да биде професионален, а не од луѓе што извршуваат политички наредби, истакна Балабанов.

– Секој ден во кој немаме влада е ризик за населението и здравјето на луѓето, е мислењето на Александар Симидчиев од „Демократска Бугарија“, кој исто така беше член на распуштениот стручен совет за Ковид-19 до премиерот. Според него, одлуката за затворање е неодговорна бидејќи владата, иако поднесе оставка, мора да продолжи да работи.

Маја Манолова  од „исправи се, мафијата надвор“ рече дека треба да се создаде ново тело од луѓе, докажани експерти од нивната област, кои имаат позиција, храбри, подготвени да ги бранат здравствените одлуки, а не да „клечат на секое крцкање со заби од Борисов“.