Нејзината објава на Фејсбук има повеќе од 270.000 споделувања и повеќе од 740.000 лајкови.
Една мајка од сојузната американска држава Џорџија, не знаела што да прави со својот 13- годишен син кој почнал да има многу барања.
Всушност Ентони почнал да се однесува како е да е премногу добар за да купува во супермаркети и им се потсмевал на децата во училиштето кои носеле евтина облека. Неговата мајка Сиера Британи Форни не сакала тоа да го толерира.
Одлучила да му одржи лекција на својот син така што тој ќе носи половна облека која ја купиле во продавница “second hand” за 20 долари и целата приказна ја објавила на Фејсбук
-Сакав мојот син да научи дека не е се во парите и дека не е во ред да ги потценува другите луѓе според тоа што облекуваат. Многу разговаравме за тоа дека убавите и скапите работи се привилегија и дека се што има може да изгуби за момент, објаснила Сиера.
Оваа недела Ентони на училиште мора да носи стара облека.
Приказната на неговата мајка допрела до илјадници луѓе низ светот. Повеќето и честитале за нејзината одлука, а некои споделувале и свои стратегии за воспитување на децата.
Сепак имало и луѓе кои не се согласувале со нејзиното дело. Сиера објавила и дополнување на приказната во кое појаснила дека нејзиниот син дал согласност сето тоа да биде објавено на Фејсбук.
Сепак таа кажува дека останала шокирана кога некои луѓе почнале да и упатуваат смртни закани.