Пејачката Драгана Мирковиќ важи за една од оние јавни личности кои ретко говорат за својот приватен живот.
Нејзините деца ќерката Мануела и синот Марко, кои таа ги доби со нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ, живеат од самото раѓање во Австрија, па затоа многу малку се знае за нивните животи.
Пејачката ретко објавува фотографии од нив и ги држи подалеку од очите на јавноста, иако и тие самите никогаш не сакале да бидат дел од јавниот свет, а пејачката не ги принудила на тоа.
Сепак, овој пат Драгана направи исклучок, и сподели слика од нејзиниот наследник на својот Инстаграм.
Имено, таа имаше важна причина за тоа – Марко слави роденден, а славната мајка ја искористи приликата јавно да му честита.
– Мој најмил Марко, среќен ти 20-ти роденден, лаву мој – напишала пејачката во описот на фотографија, а она што многу се забележува е дека Марко израснал во вистинско момче.
Инаку пред извесно време и Драгана го прослави својот 53-ти роденден. Таа својот роденден го прослави во Виена, со своите најблиски, а за оваа прилика сјаеше во долг син елегантен фустан.