Кавадарчани и росоманци можат да пријават штети од пролетен мраз кај земјоделски насади, информираа од општините Кавадарци и Росоман.
Во јавните повици е појаснето дека треба да се јават оние кои претрпеле материјална штета од природна непогода-голомразица, која што го зафати подрачјето на територијата на овие општини во деновите 8, 9 и 10 април оваа година.
Штетите треба да бидат регистрирани во просториите на двете општини, почнувајќи од денеска, до шести наредниот месец во Кавадарци, а во Росоман до четврти наредниот месец.
Пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, трансакциска сметка и доказ за сопственост на имот, имотен лист или договор за закуп.