Три извесни причини зошто Мила Царовска ги турка овие крајно штетни и неодржливи политики:
1. Политички: ги исполнува желбите на наредбодавачот Заев за редефиниција на државата и нацијата кои само низ (и без) образование(то) можат да фатат некаков корен;
2. Лукративни: електронските учебници кои ги најавува, а наводно немало да бидат само пдф документ готов и за печатење (што значи треба да се интерактивен софтвер за учење, а со тоа се поставува прашањето како тоа ќе се печати!), некој ќе треба да ги изготви, и за тоа некој ќе крка дебели тендери, а малку веројатно е дека некој на таква позиција нема да падне во искушение да земе поголем дел од колачот за себе;
3. Кариеристички: Мила Царовска ќе парадира со својата биографија за наредни кариерни позиции дека била прв и редок министер кој вовел електронски учебници во ,,регионот на Западен Балкан”.
Ако сметате дека овие причини се малку за некој толку тврдоглаво и лудачки безобѕирно да тера по свое без да се осврне на масовните критики, размислете уште еднаш.
Ова е размислувањето на струмичанецот Траје Бјадов за работењето на Царовска и нејзината идеја за електронски учебници, која тој чувствувал потреба преку ФБ да ја сподели со јавноста.
На ова се надоврзува скопјанецот Коста Николовски кој живее во Сиднеј, кој се надоврзува на размислувањата на Бјадов со своите размислувања за работењето на, како што вели, Нино Смрт, но во време кога беше министер за образование:
Мои размислувања: арогантниот и насилнички однос на Царовска е речиси идентичен со арогантниот и насилнички однос што своевремено го имаше Нино Смрт додека беше на иста позиција како неа. Заеднички особини на двајцата:
ниту тој, ниту таа немаат никакви квалификации за да бидат меродавни во областа во која ги туркаат таканаречените “реформи“;
“реформите“ им ги подготвува некој друг, од позадина, кој не се експонира во јавност;
карактерна особина според која се селектирани и тој, и таа, е истата како во вицот “нарани кучета и не пипај копчета“ – понизна и безусловна покорност кон посилниот и безгранична нарогантност кон оние што ги има “под себе“. Играат улога на страшило чија задача е: со тортура, закани и застрашувања да го кршат отпорот на експерименталните глувци.