Владата преводена од СДСМ и ресорното Министерство за труд и социјална политика континуирано вложуваат во детската заштита и во нови објекти на детски градинки, соопшти СДСМ, чие соопштение го пренесуваме во целост.

Во периодот од септември 2020 година па до денеска, отворени се 11 детски градинки и тоа во Куманово, Гостивар, Ресен, Гевгелија, Сарај, Брвеница, Илинден, Боговиње, Лозово, Новаци и Босилово, општини кои во овој период добија нови детски градинки, каде вкупен капацитет на овие објекти е 670 деца.

Уште 13 детски градинки со вкупен опфат на 1.408 дечиња треба да бидат адаптирани, доградени или целосно изградени до крајот на годината, според предвидената динамика.

До крајот на оваа година, нови детски градинки ќе добијат и општините Струмица, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Кочани и Неготино.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува силно посветена на зголемување на капацитетот на детските градинки како во урбаните, така и во руралните општини.

Врвните приоритети од кои се води СДСМ се грижата за децата, унапредувањето на детската заштита и условите во градинките и инвестициите во човечкиот капитал.

Како одговорна партија, продолжуваме со спроведување на мерките што го подобруваат квалитетот на животот на сите граѓани.