Во нападот на џихадистите во североисточна Нигерија загинаа најмалку 11 цивили, соопштија локалните власти.

Џихадистите од групата „Исламска држава на Западна Африка“ од неколку возила  отвориле оган врз граѓаните во градот Гејдам, во нигериската сојузна држава Џоб.

-Во терористичката инвазија изгубивме 11 лица, а вооружените лица се уште се во градот, изјави неименуван локален функционер.

Напаѓачите ограбувале продавници и уништиле телекомуникациски столбови.

Во овој дел на Нигерија од 2009 година досега во судирите со џихадистите се убиени околу 36.000 лица.