Министерот за здравство Венко Филипче ќе се вакцинира со кинеската вакцина за да ги увери граѓаните дека оваа вакцина е безбедна.
-Би сакал да бидам пример и да ги уверам граѓаните дека кинеските вакцини се безбедни и затоа би сакал да го дадам мојот личен пример. Веројатно тоа би можеле да го организираме и следната недела, рече Филипче во разговор за Канал 5.
Во меѓувреме, граѓани сведочат за хаос на пунктвоите за вакина. Пред некој ден тоа се случуваше во поликлиниката Јане Сандански, а посдлените денови истите сведоштва ги има и за вакцинирањето во Борис Трајковски.
Вообичаено, Министретсвото за здравство, согласно востановената пропаганда, првично негира, а потоа вели дека тоа биле мали инциденти.