Ова е табела на Блумберг. Ги опфаќа сите држави и територии на светот и покажува колку дози на вакцини се аплицирани според последните податоци, односно податоци кои биле достапни вчера.

Бројките се катастрофални за Македонија. Иако, овие бројки може да се стават и ве некаква корелација со вкупниот број на население, сепак, и тој метод нема да ја подобри катастрофалната слика за нашата земја. Тоа што и овој мал број вакцини не можат да се дадат без малтретирање на луѓето по редици и гужви, само ја дополнува сликата за неспособноста на Филипче и воопшто на целата Валда на СДСМ и ДУИ и нивните приврзоци како групата собрана околу Павле Трајанов или Милевски.

А ова не чини животи!