Славата и парите не можат да ја осигураат среќата, а доказ за тоа е славниот холивудски актер Џон Траволта.

Американскиот актер Џон Траволта пред околу една година остана без сопругата и мајка на неговите деца Кели Престон, која за жал почина после двегодишната борба со рак на дојка која ја водеше во тајност.

67 годишниот Џон овие денови одлучи да проговори за таа болна тема и рече дека тоа е негово лично искуство, порачувајќи дека многу е важно другите да не се поистоветуваат со него.

-Најважната работа која можете да ја направите, а да му помогнете на некој кој тагува е да му овозможите тоа да го проживее на свој начин и да не се поистоветувате со нив. Тоа е моето искуство, изјави Траволта за шпанскиот магазин Esquire.

Тој додава дека моментално најмногу се фокусира на децата кои ги доби со Кели, 21 годишната Ела и 10 годишниот син Бен, а парот го имаше и синот Џет кој почина во 2009-та година кога имаше само 16 години.

-Морам да ја осигурам иднината на своите деца и да им помогнам во животот да се занимаваат со тоа што го сакаат. Тоа сега го правам со Ела и нејзините филмови, ја учам се за таа професија. Бен има едвај 10 години и сакам да му помогне да израсне, бидејќи пред нив е животот, објаснува актерот.

Признава и како искуството со славата до некаде му помогнало како да се прилагоди на пандемијата со корона вирусот, образложувајќи дека како холивудска ѕвезда понекогаш морал да живее како во затворена морска школка.

Тажната вест за смртта на сопругата тој ја објави во јули минатата година.

-Со тешко срце ве информирам дека мојата убава жена Кели ја изгуби битката со рак на дојка. Таа водеше храбра борба со помош на љубовта и поддршката на многумина. Јас и моето семејство засекогаш ќе им бидеме благодарни на докторите и медицинските сестри во „MD Anderson Cancer Center“, на сите медицински центри кои помогнаа, како и на многуте пријатели и сакани личности кои беа покрај неа. Љубовта и животот на Кели секогаш ќе бидат запаметени. Ќе одделам некое време за да бидам покрај моите деца кои ја изгубија мајка си, па однапред барам опростување ако некое време не нè слушнете. Ве молам знајте дека јас ќе ја чувствувам вашата огромна љубов во неделите и месеците кои претстојат додека да закрепнеме. Со сета моја љубов, Џон…