Сајмон Кауел (61) има млада жена, дете, успешна кариера… Сепак, сето тоа не му беше доволно, па музичарот сакаше да има и вечна младост, но наместо да се подмлади, тој дополнително остаре.

Ботоксот во образите и вилицата низ годините, како и честите лифтинзи на лицето си го направија своето, па Сајмон „постојано изгледа тажно“, велат експертите за естетска хирургија.

Тие велат дека со устата музичарот можеби и се смее, но очите не се поместуваат.

Доктор Алекс Каридис во едно ТВ шоу изјави дека Кауел почнал да изгледа постаро од своите вистински години веќе во своите средни триесетти, пишува Мирор.

Каридис претпоставува дека ѕвездата со естетските зафати се обидел да ја отстрани природната опуштеност која се јавува во образите, но очигледно не престанал кога требало.

-Ако претерате со тие работи, вашето лице може да изгледа прешироко и неприродно, вели тој покажувајќи фотографија од Сајмон од пред 5 години.

Анализирајќи фотографија од музичарот од 2006-та година, д-р Сара Тонкс додаде:

-Со 46 години на неговото чело нема линија, ниту една. Или имал живот без стрес или таму е некој ботокс. Дефинитивно немал живот без стрес. Продолжил да става ботокс, па неговите образи почнаа да паѓаат.

Таа додава дека Кауел веројатно го влошил својот изглед со некои лоши одлуки за козметички третмани. Освен што изгледа тажно и загрижено затоа што лицето му е „замрзнато“ од зафати, музичкиот могул последните месеци има и причина за грижи.

Минатото лето падна од електричен велосипед во Малибу, додека го испробуваше во дворот од куќата. Итно беше префрлен во болница каде му беше констатирано дека ја скршил кичмата на неколку места и мораше да оди на операција. Во грбот му беше вградена метална шипка, а заздравувањето беше тешко, долго и прилично болно.

Поради повредата ја припушти завршницата од „Британија има талент“. Сега вели дека конечно е подготвен да се врати на работа.