Германската фармацевтска компанија „Бионтек“, која ја разви вакцината против Ковид-19 со американската компанија „Фајзер“, објави дека ќе го зголеми производството, така што планира произведство на три милијарди дози во 2021 година, иако претходната цел беше 2,5 милијарди.

– Нашите тимови завршија одлична работа во зголемувањето на производството, што сега ќе изнесува три милијарди дози, рече извршниот директор на Бионтек, Угур Шахин, на онлајн настан организиран од Фајненшл тајмс.

Тој додаде дека производството „не се соочува со бројни технички проблеми и се почитува испораката“.

Компанијата со седиште во Мајнц, Германија, во март соопшти дека го подобрила синџирот на снабдување со Фајзер за да може да произведе 2,5 милијарди дози оваа година, од кои се продадени 1,4 милијарди дози.