Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во петок ќе се сретне со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. На денешниот брифинг со новинарите Мицкоски посочи дека средбата е закажана на негово барање, а главна тема ќе бидат настаните од 27 април и актуелната политичка состојба во државата.
-Ова се сериозни теми и решив да ги одмрзнеме односите со претседателот-изјави Мицкоски.
Во едно свое неодамнешно телевизиско гостување, претседателот Пендаровски рече дека осудените за случувањата на 27 април треба да одговараат за претепување, а не за тероризам. Тој тогаш нагласи дека би се согласил со ново судење за овие осудени лица.