Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик! Русија има многу длабоки традиции на изучувањето на македонскиот јазик, објави денеска Руската амбасада во Македонија, по повод Денот на македонскиот јазик.

– Историјата на современата македонистика во нашата земја започна уште од 1948 година. А во 1975 година македонскиот јазик за прв пат е воведен како специјалистички студии во рускиот универзитет „Ломоносов“ во Москва. Денес географијата за изучување на македонскиот јазик и култура во Русија ги вклучува не само Москва, туку и Санкт Петербург, Воронеж и Перм. А руските македонисти, како Самуил Бернштејн, Рина Усикова и други, се светски познати за нивниот значителен придонес во промовирање на македонскиот литературен јазик!- пишува во објавата на Руската амбасада.