Снимките на кои можеше да се слушнат говорите на делегатите кои ја критикуваа работата на СДСМ откако утрово беа објавени, сега веќе не може да се најдат на социјалните мрежи.
И покрај јавната заложба на Зоран Заев вчера дека ќе се почитува и охрабрува различното мислење, сепак, снимките се избришани.
Од друга страна, порталот Република пренесе пост на Софија Куновска насочен кон Радмила Шеќеринска:
„Еве кога е загрижена…
Не кога замолчуваше таа, туку кога ја замолчуваат неа…“
Ова е коментарот на актерката Софија Куновска, некогаш истакнат член на СДСМ, а се однесува на министерката за одбрана, довчерашен заменик претседател во СДСМ.
Шекеринска вчера јавно честитка за изборот на новото раководство, таа на конгресот изрази и критики за досегашните делувања на партијата, пренесе Република.
Но, постот на Куновска, исто така го снема.