Околу 50 милијарди птици ја населуваат планета Земја, според екстраполација на австралиски научници објавена во Зборникот на Националната академија на науките на САД. Ова значи дека на планетава има околу шест пати повеќе птици отколку луѓе.

Passer domesticus male (15).jpg

Тим предводен од проф. Вилијам Корнвел од Универзитетот на Нов Јужен Велс (УНСВ) во Сиднеј разработил податоци за 9.700 познати видови птици од цел свет. За нив се смета дека претставуваат 92 отсто од сите постоечки видови. Истражувачите комбинираа научни истражувања за одделни видови во одредени области со речиси една милијарда записи во интернет-орнитолошката база на податоци, е-Бирд.

Toulouse - Sturnus vulgaris - 2012-02-26 - 2.jpgЗаклучокот гласи дека има релативно мал број вообичаени видови и многу голем број ретки видови.

Меѓу првите 10 најраспространети птици во светот се градското врапче (1,6 милијарди), сколовранецот (1,3 милијарди), прстеноклунестиот галеб (1,2 милијарди) и селската ластовичка (1,1 милијарда).

How Baby Kiwis in Virginia Will Help Preserve an Ancient Maori Tradition | Audubon

 

„Има значителен број многубројни и малубројни видови птици во светот – со 50 милијарди единки. Но, прашањето – зошто и како тие достигнале до таа бројка ќе биде во средиштето на идните научни трудови за еволуцијата, екологијата и зачувувањето на сѐ тоа“, се вели во написот.

Истражувачите откриле дека најмал број птици имаат видот киви од Нов Зеланд (3.000) и ендемичните мезити (154.000) од Мадагаскар.