Поранешниот министер за надворешни работи и сопственик на Медиа принт Македонија која ги издаваше дневните весници Дневник, Вест и Утрински, Срѓан Керим е дел од Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи што беше промовиран денеска.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференцијата рече дека во Советот има 26 членови и имиња со различни мислења и тоа било важно за овој Совет да чуе различни идеи и ставови.
Членови на советот се и Валентина Божиновска, Драган Тилев, Тони Поповски, Андреја Стојковски, Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малески, Марко Трошановски, Луан Старова, Мухамед Халили, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски, Ризван Сулејмани, Абдулемнаф Беџети…
– Ова ќе биде советодавно тело на МНР. Се работи за квалитетни луѓе, добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став, рече Османи по конститутивната средба.
Османи пред медиумите кажа дека членовите на Советот ќе работат волонтерски без паричен надоместок за нивниот ангажман.
Керим, кој живее во Хрватска, и против кого бившото СЈО покрена истрага, денеска не беше присустен.