Турската армија беше мета на курдски милитанти рано утрово, објави Министерството за одбрана на земјата.

Главните цели на нападот биле две воени бази на истокот на земјата, поточно Командата на беспилотните воздушни системи во провинцијата Батман и командата на 23-та пешадиска дивизија во провинцијата Сирнак.

Курдите користеле беспилотни летала, а како што соопшти турското Министерство за одбрана, нема жртви и материјална штета.