Светските фудбалски првенства во машка и женска конкуренција да се одржуваат на две години, наместо на четири како досега, предложи Саудиска Арабија на годишниот состанок на ФИФА, добивајќи поддршка за иницијативата од дури 166. членки, наспроти 22, кои се изјаснија против.
ФИФА се заложи да работи на изготвување физибилити студија и внимателно да ги разгледа сите аспекти од саудискиот предлог, кој првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино го оцени како „елоквентен и детален“.
Мундијалите во машкиот фудбал се одржуваат на секои четири години од инаугуралното издание во 1930 година, со исклучок на 1942 и 1946 година поради Втората светска војна.
Светските првенства во женска конкуренција своето првото издание го имаа во 1991 година, и оттогаш, исто така, се играат на четири години.