По точно 244 дена денеска во Албанија не е регистриран смртен случај како последица од Ковид-19.
Веста ја објави министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу, која додава дека во последното деноноќие од 2.691 тестирање, опасниот вирус е потврден само кај 15 лица или 0,5 отсто од тестираните.
„Добра вест-Ковид-19, по 244 дена, ниту еден изгубен живот денеска“, напиша Манастирлиу на Фејсбук.
Инаку, од почетокот на пандемијата, кога на 9 мај минатата година, беа регистрирани првите случаи со Ковид-19, татко и син по нивното враќање од посета на Италија, вкупната бројка на заразени изнесува 132.244, активни на болеста се 819, додека почнале 2.447 лица.
Министерката Манастрлиу, претходно информираше дека во текот на последните 24 часа, извршени се над 11.000 вакцинации, додека од почетокот на процесот, во средината на јануари, вкупно 736.365.
– Од нив 258.606 граѓани ги примиле двете дози на вакцината. Комбинираната вакцинација на возрасната група над 60 години и работници од критичните сектори продолжува. Досега се вакцинирани над 6.000 вработени во хотелско-туристичкиот сектор и над 9.000 вработени во мали производни погони, пред се од текстилниот сектор. Денеска почна имунизација на вработени во јавниот превоз, со која ќе бидат опфатени 4.700 лица, рече таа.
Бројките покажуваат дека ситуацијата е под контрола, рече таа и како што најави и премиерот Еди Рама, утре Комитетот на експерти се очекува да донесе одлука за олеснување на анти-ковид мерките.