Кинеското Министерство за трговија соопшти дека шефовите на тимовите за трговски преговори меѓу САД и Кина имале прв телефонски разговор од почетокот на мандатот на новиот американски претседател на Џо Бајден.

– Претставникот на САД за трговија Кетрин Таи и кинескиот вицепремиер Лиу Хе имаа искрен, прагматичен и конструктивен разговор, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Во соопштението не се наведени детали за содржината на разговорите и развојот на трговијата, ниту дали ќе бидат повлечени царините воведени од администрација на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Според соопштението двете страни се согласиле да продолжат со комуникацијата, а првиот телефонски разговор се одвивал со „меѓусебно почитување“.