Јас сум најприслушкуваниот човек во Македонија, се пожали денеска Миле Јанакиески во исказот за настаните од 27 април.
Неговите бранители ќе достават до судот доказ дека има 45.000 незаконски снимени разговори и 155.000 СМС пораки. Во нив јасно може да се види дека нема никаква комуникација со Нинџа, беше истакнато на денешното рочиште од судењето за „27 април“.
-Тоа го потвдија двајца премиери, еден поранешен и еден сегашен, поранешен претседател на држава и актуелен лидер на опозиција – наброја Јанакиески.
Тој рече и дека е подготвен да оди на полиграф заедно со Нинџа за да се види кој ја говори вистината.