Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот официјален профил на ФБ, извести дека ја прими и втората доза од кинеската вакцина „Синофарм“.

„Денеска ја примив втората доза од вакцината на кинескиот производител Синофарм. Вакцината е единствениот начин да се спречат компликациите и тешките облици на Ковид 19. Сите вакцини кои ги имаме во нашата држава се безбедни и ефикасни, апелирам до сите граѓани да се пријават за вакцинација, само така ќе го победиме вирусот“, напиша Филипче..

Инаку, денеска беше објавено дека Филипче соопштил дека е завршена вакцинација на пациенти со трансплантирани органи и на пациенти на дијализа, во тек е за лицата со ретки болести, а следни се оние со потешки хронични белодробни заболувања. Тоа значи дека оние со хронични белодробни заболувања не ни почнале да се вакцинираат како приоретни, а Ковид 19 во најголем број случаи „удира“ токму на белите дробови.