Белата куќа соопшти дека нема да има промени за претстојниот самит меѓу претседателот Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин, иако Мајкрософт сигнализираше за нов кибер напад против американските владини агенции од страна на Нобелиум – група, по потекло од Русија, која е одговорна за минатогодишната хакерска операција SolarWind.

Портпарол на Белата куќа изјави дека работата за самитот ќе продолжи.

Технолошкиот гигант „Мајкрософт“ тврди дека хакери од Русија извршиле кибер напад преку имејл системот на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).