Повеќе од половина Германци се и понатаму  незадоволни од управувањето на владата со кризата со коронавирусот, и покрај напредокот во вакцинацијата, олеснувањето на ограничувањата и падот на бројот на новозаразени.

Во истражувањето спроведено за агенцијата ДПА од институтот за анкетирање ЈуГов, 24 проценти се „многу незадоволни“, а дополнителни 30 проценти се „прилично незадоволни“ од постапките на владата.

Наспроти тоа, само шест проценти се „многу задоволни“ и 35 проценти се „прилично задоволни“. Пет проценти не се изјасниле.

Во март, 65 проценти од Германците биле незадоволни од одговорот на коронавирусот, а само 30 проценти биле задоволни.