Најголемиот брод на иранската морнарица потона во Оманскиот залив по пожарот што избувна синоќа, откако екипажот успеа да се евакуира.

Од засега непознати причини пожарот на бродот избувна синоќа и, како што соопшти  иранската морнарица, екипажот на бродот „Карг“ успеа да се евакуира пред потонувањето на бродот, во близина на пристаништето Јаск, на југот на Иран.

„Карг“ беше еден од неколкуте бродови на иранската морнарица што обезбедуваше поддршка за другите бродови, а воедно беше и појдовна точка за хеликоптери.

Бродот беше изграден во Велика Британија и лансиран во 1977 година, а во иранската морнарица беше од 1984 година.