Германија веќе дава можност за секој што сака да се вакцинира против Ковид-19 да се запише во список, јави ДПА.

По завршувањето на приоритетната програма за регистрација, што ја ограничи кампањата за вакцинација на лица над 60 години и некои приоритетни групи, сите германски граѓани над 12 години сега, барем теоретски, можат да се вакцинираат. Засега, сепак, нема доволно дози за сите.

Водечките германски лекари и министерот за здравство Јенс Шпан ги повикаа луѓето да бидат трпеливи со завршувањето на приоритетните вакцини.

Во исто време, повеќе од 6.000 приватни компании во Германија почнуваат свои кампањи за вакцинација. Вкупно околу три милиони дози месечно се очекува да им бидат дадени на вработените и на членовите на нивните семејства, јави ДПА.