Денеска во Српскиот парламент започна посебна седница, со единствена точка на дневниот ред на предлогот на Владата за промена на Уставот што се однесува на правосудството. За време на полемиката со пратеникот Шаип Камбери премиерката Ана, Брнабиќ кажа дека „уставот на т.н. Косово е исто толку важен за неа, како таа самата да ја прогласи белградската населба Карабурма за независна држава и да напишала устав“ јави дописникот на МИА од Белград.

Образложувајќи ги измените на уставот,Брнабиќ, кажа дека владеењето на правото е исклучително важно и затоа владата е одлучна да ги спроведе измените во Уставот за да правосудството се направи независно, отчетно и ефикасно.

Како што кажа, јавната расправа за Предлогот за измени и дополнувања на Уставот траела 18 месеци и изрази надеж дека Собранието, кое инсистирало на изнаоѓање најголем можен општествен консензус за промени Уставот на полето на правосудството, ќе постигнтаков договор и дека така ќе се оди на референдум.

Во предлогот на српската влада се нагласува дека уставните измени за судовите и јавните обвинителства треба да бидат сеопфатни за да се усогласат со конвенциите на ЕУ потпишани од Србија, бидејќи сегашните одредби се „несистематски, неконзистентни, делумно пренормирани и нејасно редактирани“.

Пратеникот Шаип Камбери од пратеничката група на албанските и дел од бошњачките пратеници во парламентот изјави дека се противи на делумната промена на Уставот на Србија, сметајќи дека тој акт треба да се смени во целост и ја наведе како проблематична преамбулата на Уставот, која Косово и Метохија го дефинира како дел на Србија, .

Брнабиќ му порача на Камбери дека не е во ред да се повикува на уставот на „самопрогласеното Косово во Собранието на Србија“, имајќи предвид дека тој е член на парламентот на земја која Косово го смета за своја територија и од таа позиција мора да го почитува тоа.

Според неа, „уставот на т.н. Косово и е важен исто како и самата да ја прогласила белградската населба Карабурма за независна држава и да напишала устав.“