Во ноември месец во 2019-та година скопскиот градоначалник Петре Шилегов ја продаде градската куќа за 12.7 милиони евра, „честејќи го“ новиот сопственик со гратис земиште и ослободени комуналии, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ. Реакцијата ја објавуваме во целост:
Со парите од 12.7 милиони евра, речиси 2 години подоцна не е купен нов објект, ниту пак е започната некоја нова инвестиција од корист за скопјани.
Шилегов мистериозно “ги стопил” овие пари кои според нашите сознанија не се на сметката.
Дали со продажбата на претходно изградената градска куќа е направена измама тешка 12.7 милиони евра?
Претходно предупредивме дека направен е “договор” за објектот на поранешното ЕСМ, каде градот би бил оштетен по принципот ново за старо. Во меѓувреме главното прашање е каде се, и за што се употребени 12.7 милиони евра од продажбата на новата градска куќа?
Ваквата измама е доказ за неработата, мрзливоста и лепливите прсти на Шилегов. Додека Скопјани чекаат проекти, градската каса се празни за приватни џебови.
Шилегов по стапките на неговиот ментор Заев е целосно преокупиран со сомнителни и криминогени проекти.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ