Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, по повод указот на американскиот претседател Џо Бајден за проширување на санкциите за лица и организации од Западен Балкан, рече дека САД се посветени на обезбедување стабилност и безбедност на регионот, што ќе им овозможи на земјите од регионот да го „исполнат својот потенцијал како слободни и просперитетни демократии“.

-Корупцијата предизвикува директна штета на надворешната политика, националната безбедност и економското здравје на САД и нашите сојузници и партнери. Затоа сме решени да промовираме одговорност и да се бориме против неказнивоста на оние кои се вклучени во значителна корупција на Западен Балкан и светот, нагласи Блинкен.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека посветеноста на САД за унапредување на демократијата, транспарентноста и отчетноста низ целиот Западен Балкан е силна и „во согласност со стандардите што земјите во регионот мора да ги исполнат за да ја постигнат својата цел да напредуваат на европскиот пат.