Претседателот на УЕФА Александар Чеферин и други високи фудбалски гости денеска на аудиенција во Апостолската палата во Ватикан добија благослов пред почетокот на ЕУРО2020 од поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск.
Европското првенство кое лани беше одложено за годинава поради пандемијата на коронавирус започнува утре со натпреварот меѓу Италија и Турција на Олимпискиот стадион во Рим.
Папата Франциск е страстен љубител на фудбалот и голем навивач на аргентинскиот прволигаш Сан Лоренцо.