Кривичниот суд Скопје ги прогласи за виновни Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ обвинетите во случајот „Двојник“. Обвинетиот Буки, од страна на судот е осуден на три години затвор, додека на обвинетите Колевски и Шпишиќ им изрече условни казни од една година затвор во случај да го повторат кривичното дело во следните три години.
Застапникот на обвинението Спасенка Аднонова, по објавување на пресудата предложи да се продолжи мерката притвор за обвинетиот Буки. Воедно, таа побара да продолжат и мерките за претпазливост за обвинетите Колевска и Шпишиќ .
Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.
На првото рочиште за случајот, од првично обвинетите 11 лица, петмина признаа вина, а постапката беше раздвоена за обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна, а која преку својот бранител преднајави признание на вина.
Судот ги прогласи за виновни за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување четворицата вработени во МВР, кои претходно признаа вина и им одреди казни затвор и тоа: казна затвор од две години и седум месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години за обвинетиот Денис Баруфи, казна затвор од две години и три месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години на Ален Личина, на Ѓорѓе Велков казна затвор од две години и мерка забрана за вршење дејност и должност десет години, додека на Фарук Биља, му одреди алтернатива мерка условна осуда од шест месеци, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од две години не го повтори делото, како и забрана за вршење дејност и должност во период од три години. На Раиф Мифтари, судот му одреди казна затвор од две години и три месеци за кривично дело поттикнување.
Според обвинението, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени фалсификувани пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин.
За 214 издадени фалсификувани пасоши вкупната казна за сите е 16 години затвор
Судскиот случај „Двојник” заврши со 16 години и 1 месец затвор за седум од вкупно единаесетмина обвинети. Со денешната пресудата за Фарук Буки (3 години затвор) и за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ (условни казни), во Кривичниот суд Скопје, заврши првостепената постапка за судскиот пред „Двојник”.
Во судската постапка иницирана од ОЈО Скопје, за издавање на патни исправи со лажен идентитет казна затвор им беше изречена и на Денис Баруфи (2 години и 7 месеци), Ален Личина (2 години и 3 месеци), Раиф Мифтари (2 години и 3 месеци), Ѓорѓе Велков (2 години), Оливера Софрониева (2 години и 5 месеци) и Шемседин Јашари (1 година и 7 месеци). За разлика од обвинетите Буки, сите други обвинети при првите рочишта ја признаа вината за извршено кривично дело „злоупотреба на службена должност”.
Судијката Оља Ристова, при изрекување на пресудите наведе дека со издавањето на лажните патни исправи е загрозен и интегритетот на системот на издавање патни исправи, а исто така, е нарушен интегритетот и безбедноста на државата. Според Обвинителството, тие во период од јуни 2017 година, па до крајот на 2020 година, правеле лажни исправи со намера да се употребат како вистински. Како застапник на обвинението во овој случај беше јавната обвинителка Спасенка Андонова.
Воедно, по однос на прво степените пресудите обвинетите имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.