Министерката за одбрана на Германија, Анегрет Крамп-Каренбауер смета дека војниците обвинети за антисемитски испади и сексуално насилство во текот на службата во Литванија го нарушуваат угледот на целата германска војска.
-Секој со такво однесување не би требало да биде припадник на Бундесверот – изјавила денеска таа.
Во средата Министерството за одбрана отповикало единица со 30 германски војнци на служба во Литванија, по што одговорните за инцидентот веднаш се отпуштени. Тие се сомничат за расистички и антисемитски пароли и за сексуално вознемирување.
Претходно, Шпигел објавил дека некои од нив биле толку пијани во хотелот, што воената полиција морала да интервенира, а со дополнителна истрага утврдено е дека војниците пееле роденденска песна за Адолф Хитлер на една од претходните забави.
Дополнително, еден војник се обидел сексуално да нападне друг додека спиел, за што постои видео снимка.
Водот во четвртокот се вратил во Германија, каде уште од мината недела е води истрага за ова.