Девет деца и едно возрасно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Алабама, за која властите се сомневаат дека е предизвикана од дождливото време донесено од тропската бура Клодет.

Шерифот на округот Батлер објави на Фејсбук дека се верува дека ова е најтешката несреќа што се случила во оваа област, објави Ен-Би-Си.

Верижниот судир се случил на северната страна од автопатот И-65, а се запалиле и неколку возила.

Осум од загинатите биле девојчиња кои патувале со возило во сопственост на дом за млади, а нивниот мал автобус бил втор или трет во толпата од десетици автомобили, изјави Вејн Герлок од канцеларијата на судскиот вештак на округот Батлер.