Алармантна е состојбата со загадениот воздух низ целата земја попладнево, особено во главниот град.
Во центарот на градот особено кај Ректоратот попладнево се измерени 985 микрограми на метар кубен.
Слична е мапата и во повеќе градови низ земјава каде со црвена боја се обоени Гостивар, Лазарополе, Струмица, Кичево и Битола.
Нејасни се причините за ова, бидејќи летото само што започнува, температурите се околу 35 степени, а намалено е нивото на сообраќај низ градовите, како поради жешкото време, така и поради фактот дека еден дел од граѓаните се на одмор.
Посебно е необјаснив фактот дека загадувањето е високо и во Лазарополе, каде речиси никогаш загаденоста на воздухот не ги надминува дозволените граници.