МОНСТРУОЗНО НАСИЛСТВО ВО ТЕТОВО: Маж ја избол невенчаната жена во градите, вратот и грбот

/ 01.09.2018

Монструозно насилство се случило утрово во Тетово, кога маж ја прободел својата вонбрачна жена неколкупати во градите, вратот, грбот и дланките.

Утринава во 8 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничката болница-Тетово било пријавено дека кај нив била донесенао49-годишната В.М. од Тетово со повреди од остар предмет во пределот на градите, вратот, грбот и дланките. Поради сериозноста на повредите жената била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и била задржана на понатамошно лекување.

По кратко време во полициска станица дошол 49-годишниот Б.А. и пријавил дека во семејната куќа со нож ја избодел В.М. со која заедно вонбрачно живееле. Лицето е задржано, известен е јавен обвинител и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Од истата категорија