Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема успеал да постигне гол против 33 екипи од шпанската Примера и го остави зад себе Кристијано Роналдо кој е сопственик на многу рекорди поставени додека играше за „кралскиот клуб“.
Бензема синоќа се запиша во листата на стрелци на средбата со Леганес, единствениот тим од Шпанското првенство против кого Роналдо не успеал да постигне гол за време на деветгодишниот престој во Реал.
Реал го победи Леганес со 4:1, Бензема погоди два пати за вкупно 131 гол во Ла Лига.