Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров не успеа да се пласира во финалето на Трофејот на шампионите, откако неговиот клуб Нант на пенали загуби од Монпелје.

Драматично полуфинале, во регуларниот тек заврши нерешено 29:29, а по седмерците беше 33:31 за актуелниот европскиот првак.

Најефикасни поединци во тимот на Монпелје беа Порт со девет и Мамду со четири гола, а кај Нант е истакнаа Думулин со 18 одбрани, Лазаров со шест и Ромарик со четири гола.

Во првото полуфинале аутсајдерот Сант Рафаел го шокира ПСЖ чиј тренер е селекторот на Македонија Раул Гонзалез, победувајќи го со 26:25.

Големото финале се игра утре во 16:30 часот во Монбељар.