Гол маж на возраст од педесетина години утринава прошетал низ центарот на Охрид во термин кога низ градот имаше странски делегации учесници на „Преспа форум дијалог“.
Граѓанин испратил фотографии до порталот СКД од прошетката на голиот маж по охридскиот плоштад.
Од охридската полиција за порталот СДК изјавиле дека станува збор за граѓанин кого го познавале од порано од слични инциденти, кој бил пријавуван. Од полицијата велат дека порано мажот шетал по танга, но сега соосема се соблекол.
Мажот се соблекол на плоштадот и ја оставил облеката на рекламно пано.
Во Охрид се одржува „Преспа форум дијалог“, настан на кој учествуваат политичари од целиот свет, а таму е и целиот македонски државен врв.