Бугарскиот технички министер за внатрешни работи Бојко Рашков нагласи денеска дека Министерството во голем дел го ограничило гласањето со „купен глас“ и дека засега нема неправилности во изборниот процес.
– Мислам дека многу го ограничивме таканаречениот „купен глас“, нагласи Рашков, додавајќи дека има многу незадоволство од некои политички партии во врска со акциите на Министерството за внатрешни работи за спречување на купување гласови.
– Нема повреда на изборниот процес во Бугарија во почетниот дел од денот на изборите. Процесот тече нормално, засега се е мирно, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Бугарија во привремениот кабинет.
Рашков тврди дека МВР на Бугарија нема причина смета дека некој сака да го саботира изборниот процес.
Бугарите одлучуваат денеска на парламентарни избори дали партиите што протестираат ќе ја преземат власта по една деценија политичка доминација на премиерот Бојко Борисов.
Гласањето е второ за само три месеци, откако изборите во април резултираа со фрагментиран парламент, што не успеа да се договори за формирање влада.