Покрај службениот премиер на Бугарија Стефан Јанев, на изборите во Бугарија досега гласаа и лидерите на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова и на прозападната партија Демократска Бугарија Христо Иванов кој изјави дека не ее загрижени поради излезноста.

Како што јави дописникот на МИА од Бугарија, сè уште не се знае дали поранешниот премиер Бојко Борисов ќе гласа јавно, како и лидерот на партијата што се смета за фаворит „Има таков народ“ Слави Трифонов.

Бугарското Национално Радио јави дека до девет часот излезноста изнесувала девет проценти.