Примерок од првото издание на легендарната видеоигра за Нинтендо – „Легендата на Зелда“, беше продадена на наддавање, за 870.000 американски долари, според аукциската куќа „Херитиџ“ со седиште во Далас, Тексас, САД. Продажбата „е светски рекорд за една видеоигра“, пренесоа повеќе американските медиуми.
– Тоа беше „ѕвездата“ на аукцијата!, изјави Ерик Бредли, гласноговорник на аукциската куќа.
Името на купувачот не е објавено.
Инаку, се работи за примерок на играта од 1987 година, којашто е во запечатено оригинално издание. Претходниот рекорд го држеше видео играта „Супер Марио брос“ од 1986 година, којашто истата аукциска куќа ја продаде за 660.000 долари во април.