Поради голема загриженост на лекарите и стручната јавност во вторник во Србија најверојатно ќе се одржи седница на Кризниот штаб за борба против Ковид-19, изјави премиерката Ана Брнабиќ и го повтори апелот до младите да се вакцинираат, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ние ги следиме бројките на два часа, јас и претседателот, гледаме како е во општините и градовите. Најбезбедна е ситуацијата во оние локални самоуправи со најголем број вакцинирани, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.

Во петокот имав состанок со нашето национално тело за вакцинација и тие до 23 јули ќе дадат препорака до Кризниот штаб за трета доза, кој ќе го даде својот став на 1 август, најави Брнабиќ.

Заменик директор на УКЦ Ниш, проф. Д-р Радмило Јанковиќ оцени дека лекарите целосно се согласуваат дека Србија е на почетокот на нов бран.

-Поразителна е информација е дека Србија од лидер во регионот, дури и еден од лидерите во Европа, стана земја што е на дното според бројот на имунизирани, а цената ќе биде испорачана во септември, а можеби и порано, во средината на август, кажа Јанковиќ.

Имунологот и вирусолог Миланко Шеклер за РТС изјави дека не треба да се бега од комбинација на вакцини. Секогаш е подобро да се комбинираат вакцините, да се даваат различни вакцини, ако е можно со различни видови, а ако не е можно, тогаш со различни платформи, порача Д-р Миланко Шеклер од Ветеринарниот институт во Краљево, кој додаде дека со месеци се размислува за трета доза на вакцината, уште од март.

-Јас во таа смисла споменав дека оние кои примиле вакцина и е докажано дека се реактивни, и ние не можеме да докажеме дека нивниот организам по две дози создаде било каков ниво на антитела, јас предложив да се дозволи и трета доза, за постари поединци, мажи, кај кои имунитетот е ослабен, да реакцијата на вакцината е многу послаба отколку кај луѓето со просечна возраст и просечно здравје, забележа Шеклер.