Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, најави дека нема го подржи составот на владата предложен од лидерот на партијата „Има таков народ“ на Славеј Трифонов.
Борисов смета дека резултатите од изборите се „изманипулирани“ и изрази сомнеж дека Слави Трифонов навистина сака неговата партија да формира влада.
Претходно, во видео обраќање Трифунов најави дека нема да прави коалиција со ГЕРБ ниту со друга партија и пред да бидат официјално соопштени изборните резултати го соопшти предлогот за владиниот кабинет. Трифунов го предлага Николај Василев за премиер кој во претходната влада беше вицепремиер.
Трифонов објави дека „Има таков народ“ предлага независен кабинет, бидејќи партиите што протестираат немаат мнозинство заедно за да формираат коалициска влада.
Владата на „Има таков народ“ е составена од експерти и пред неа ќе има специфични приоритети со најкраток можен рок за имплементација – најави Трифонов.
Борисов смета дека водењето малцински кабинет со поддршка од само 60 пратеници и без преговори со останатите парламентарни партии е практично невозможно.
Со изјавата на Слави Трифонов дека ќе предложи малцинска влада, тој реално не сака да направи влада. Планот им е друг. Бојко Рашков (актуелниот прв човек на МВР) да беснее на функцијата додека може, додека не исчепка се што може. Тоа е играта на Румен Радев. Да остане техничката влада на власт. Тоа е сценариото – изјави Борисов на брифинг со новинарите во седиштето на ГЕРБ.
На пребројани 98,92 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, „Има таков народ“ (ИТН) предводена од бугарскиот телевизиски шоумен Трифонов е во тесно водство пред партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, покажуваат резултатите на ЦИК.
Претходно, „Има таков народ“ го предлоѓи Николај Василев за премиер. Слави Трифонов денеска објави дека ИТН ќе преземе одговорност за владата и ќе предложи независен кабинет, бидејќи партиите што протестираат немаат мнозинство заедно за да формираат коалициска влада.
За вицепремиер и министер за надворешни работи, ИТН го номинира Ради Најденов, дипломат, за заменик премиер и министер за внатрешни работи – Николај Радулов.
За министер за финансии предлогот на ИТН е Марија Бојчинова, за министер за економија Љубомир Дацов, за министер за образование Наталија Митева, Красимир Ненов – министер за енергетика, Велислава Петрова – за министер за здравство, за министер за регионален развој и јавни работи – Михаела Лашова, Христо Алексиев – министер за транспорт, информатичка технологија и комуникации, Ивајло Кожухаров – министер за туризам, Пламен Абровски – министер за земјоделство, храна и шумарство, Теодора Генчовска – министер за одбрана, Лилија Иванова – министер за труд, социјална и демографска политика, за министер за култура – Станислава Армутлиева, Петар Илиев – министер за правда, Радостин Василев – министер за млади и спорт, министер без ресор за ромски прашања Антониа Валентинова.
– Владата на ИТН е составена од експерти и пред неа ќе има специфични приоритети со најкраток можен рок за имплементација, најави Слави Трифонов.
Според последните податоци на ЦИК, со 98,92% обработени протоколи, „Има таков народ“ е првата политичка сила на предвремените парламентарни избори одржани вчера со 23,91% од гласовите.